Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на европското првенство во фудбал што започнува денеска во Полска и Украина, иако е голем фан на англискиот фудбал, ќе навива за репрезентацијата на земја од регионот од која постојано добиваме подршка.
- Најмногу би сакал да можам да навивам за нашата репрезентација на Европското првенство но таа за жал не учествува на овој шампионат. Јас сум љубител на англискиот фудбал но овојпат ќе навивам за земја од регионот што е најпријателска и што секојпат не подржува, изјави Иванов.
Претседателот заедно со американскиот амбасадор Пол Волерс и градоначалникот на општина Тетово Сади Беџети, со деца од шест општини во Македонија, Тетово, Прилеп, Врапчиште, Шуто Оризари, Старо Нагоричане и Центар – Скопје, го претставија проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ .