Експлозија на бомба во Пешавар, 19 загинати

Најмалку 19 луѓе загинале, а уште 20-тина биле повредени во денешната експлозија на бомба во пакистанскиот град Пешавар. Цел на нападот бил автобус со кој се превезувале вработени во државната администрација. Засега никој не ја превзел одговорноста.