Во Виена нови преговори со Иран

Во Виена денеска започна нова рунда преговори меѓу претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија и на Иран. Во фокусот е договорот со кој Иран ќе дозволи инспектори на Обединетите Нации да ги посетат местата каде што постои сомневање дека Техеран развива нуклеарно оружје. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели.