МААЕ се надева дека Иран ќе дозволи нуклеарна инспекција

Иранскиот амбасадор во Меѓународната агенција за атомска енергија Али Асгар Солтани.

Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) се надева дека денеска ќе се договори со Иран, инспектори на агенцијата да ги посетат местата за кои постои сомнеж дека Техеран ги користи за развој на атомска бомба. Сепак, некои западни дипломати се сомневаат дека Иран ќе дозволи пристап до постројките. Техеран тврди дека има нуклеарна програма за мирнодопски цели и оти не се обидува да развие атомско оружје.