Бизнис секторот бара помош од власта

Бранко Азески

Во услови на доаѓање на економската криза сите треба да се здружиме и обединиме во изградба на мерки за последиците да бидат што помали, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески. Според него, економската криза евидентно навлегува во Македонија и го погодува реалниот сектор, а во наредниот период, според него, ќе бидеме сведоци на многу поразителни бројки и тешкотии со кои ќе се соочат компаниите. „Стопанството секогаш помагаше во клучните моменти на државата, сега е моментот на државата да му помогне да стопанството да ги задржи работните места и структурата на стопанството зашто тоа е основа за пружање перспектива на идните генерации“ изјави Азески.