Попоски: Македонија гради конструктивна атмосфера

Наметнатиот спор од страна на Грција за името не и дозволува на Македонија да напредува и да го започне процесот на пристапни преговори во ЕУ, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на отворањето на парламентарен комитет на македонското Собрание и Европскиот парламент во Брисел. Министерот дополни дека Македонија гради конструктивна атмосфера со спроведување на реформите и укажување на насоките од Европскиот парламент во неговите извештаи. „ Пресудата на Меѓународниот суд на правдата е значаен елемент кој би бил од помош во оваа куќа каде почитувањето на правото е клучен постулат, да констатираме заемна обврска и правна рамка која ќе гарантира дека ќе нема понатамошни попрачувања во процесот на евроатлантските интеграции на Македонија. Процесот на преговори овозможува надминување на билатералните пречки“ рече Попоски.