Русија го подржува нуклеарниот развој на Иран за мировни цели

Рускиот претседател Владимир Путин му изразил подршка на неговиот ирански колега Mахмуд Ахмадинеџад за развој на нуклеарната енергија во Иран. Шефот на руската држава рекол дека Иран може да смета на руска подршка се` додека ја употребува нуклеарната енергија за мировни цели. Путин забележал дека Иран и Русија веќе успешно соработувале за изградба на нуклеарната централа во Бушер. Од друга страна, Русија подржа четири рунди казнени мерки против Исламската република, поради нуклеарната програма на официјален техеран, за која постојат сомнежи дека може да се употреби за производство на оружје.