Во Штип состанок на Консултативниот комитет меѓу Македонија и ЕУ

шефот на делегација на ЕУ во Македонија Аиво Орав

Денеска во Штип ќе се одржи седмиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет на Македонија и Европската унија, кој функционира во рамките на Комитетот на региони на Европската комисија. На состанокот ќе се обратат двајцата копретседатели, градоначалникот на Штип Зоран Алексов и Пер Боткер Андерсен, претставник на Европската унија. На собирот ќе учествуваат и шефот на делегација на ЕУ во Македонија Аиво Орав, претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски, како и градоначалници, членови на ова тело.