Камерон: Германија не може сама против кризата во еврозоната

Лидерите на Г8 во Кемп Дејвид, меѓу нив Дејвид Камерон и Ангела Меркел, го гледаат финалето на Лигата на шампионите во фудбал меѓу Баерн и Челзи. 19.05.2012.

Британскиот премиер Дејвид Камерон синоќа оцени дека Германија не може самата да се справува со кризата во еврозоната. Според него, потребни се низа мерки и затоа ниту еден од лидерите на ЕУ не може да биде издвоен околу одговорноста. Изјавата на Камерон доаѓа пред неговата денешна посета на Берлин и средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел, но и по уште едно бранување на лондонската берза, откако Шпанија одново ја одби препораката дека на нејзините банки што се соочуваат со сериозни тешкотии им е потребна странска помош.