Во Истанбул светски собир за борба против тероризмот

Хилари Клинтон во Истанбул 06.06.2012.

Министри за надворешни работи и високи претставници од 29 држави денеска во Истанбул ќе расправаат за начините за справување со тероризмот. На форумот чии копретседатели се Турција и Соединетите држави ќе учествуваат и американскиот државен секретар Хилари Клинтон, како и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле.