Иран се сомнева во подготвеноста на светските сили за преговори

Шефот на преговарачкиот тим на Иран Саед Џалили

Иран ја стави под знак прашалник подготвеноста на светските сили за преговорите околу нуклеарната програма на земјата кои треба да се одржат оваа недела во Москва. Техеран ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија дека се однесува кака западно манипулираната разузнавачка агенција
Иранските медиуми јавија дека шефот на преговарачкиот тим Саед Џалили два пати побарал од Британија, Франција, Русија, Кина, САД и Германија да имаат средба пред одржувањето на преговорите на 18 јуни, но досега не добил одговор.