Временска прогноза-сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 26 до 32 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура околу 29 степени.