Двајца загинати во уривање на хеликоптер во Авганистан

илустрација

НАТО соопшти дека двајца војници загинале во уривање на хеликоптер во источниот дел на Авганистан денеска. За сега не е јасно дали леталото било нападнато од талибанците или се урнало поради технички проблеми. Алијансата не соопштува каде точно се урнал хеликоптерот нити пак ги открива националностите на загинатите војници. Истрагата е во тек.