Кривична пријава за Командант Коки

СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје ќе поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(35) познат како „Командант Коки“ од Скопје, осомничен дека вчера извршил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. МВР денеска соопшти дека Н.Ѓ. делото го извршил вчера околу 24 часот, на паркингот пред Машинскиот факултет во Скопје. Осомничениот наводно му се заканувал на оштетениот со безбол палка и го испрашувал кој го финансира него и неговите приврзаници кои ги бараат промените и реформите во опозицискиот Социјал-демократски сојуз на Македонија.