Груевски се сретна со претседателот на Финска во Хелсинки

Финска дава поддршка на проширувањето на Република Македонија во Европската Унија, рекол финскиот претседател Саули Ниинисто на денешната средба во Хелсински со премиерот Никола Груевски. Премиерот Груевски по средбата изјави дека во разговорите со Ниинисто, кој е избран на функцијата пред околу еден месец, станало збор за билатералните односи, аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и во НАТО и спорот за името кој ги попречува овие процеси. „ Ги изнесов сите детали околу тоа дека уште од 2009 година имаме добиено позитивно мислење и препорака за почеток на преговорите од ЕК и дека три години по ред, практично, се одложува почетокот на преговорите поради противењето на Грција кое е неразумно и неразбирливо и не е во европски дух“ рече Груевски.