Вашингтон ќе ги признае „неутралните“ грузиски документи

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон рече дека Вашингтон ќе ги признае документите за неутрален статус кои ќе ги издава грузиската влада, со кои жители на грузиските сепаратистички региони ќе можат да патуваат во западните земји. Клинтон ја нарече мерката „силен чекор кон помирување“ со сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија. Жителите на двете сепаратистички територии моментално користат руски пасоши или патни исправи издадени од локалните власти, кои не се валидни во западните земји.