БиХ може да очекува кандидатски статус на почетокот на 2014

БиХ - трка за ЕУ во Сараево

Шефот на делегацијата на Европската унија во БиХ Питер Соренсен смета дека во најдобар случај БиХ до крајот на оваа година може да аплицира за членство во ЕУ, додека на почетокот на 2014 година може да очекува кандидатски статус.
Учествувајќи на трибина на Центарот за стретегиски студии во Вашингтон, Соренсен изјави дека тоа се рокови што можат да се постигнат во идеална ситуација, но нагласи дека на БиХ и престојат многу реформи.
Високиот европски политичар изјави дека откако Хрватска следната година ќе стане членка на ЕУ, треба да се очекува пауза од шест до осум години додека следната држава да влезе во Унијата.
Соренсен изрази надеж дека БиХ во следниот период ќе стане функционална држава.