Путин ја продолжува посетата на Кина

Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со високи официјални претставници на Кина и ќе присуствува на вториот ден од регионалниот самит во Пекинг. Тој ќе се сретне со вицепремиерот Ли Keгијанг кој ќе биде следниот премиер и Кси Јинпинг, кој се очекува да стане следниот претседател оваа година.
Путин, кој ја презеде функцијата за својот трет мандат како претседател пред речиси еден месец, се сретна со својот кинески колега, Ху Џинтао.
Економски прашања, особено енергијата се главните теми за кои се разговара за време на посетата.