Јосиповиќ: Интерес на Хрватска е да гради добри односи со Србија

Иво Јосиповиќ


На Хрватска како држава и е во интерес да гради добри односи со сите држави, вклучувајќи ја и Србија и се надевам на промена на ставовите на српскиот претседател Томислав Николиќ, изјави во Вуковар претседателот на Хрватска
Иво Јосиповиќ.
-Во изминатите две-три години направивме сериозен напредок во односите и би било штета кога и тие односи би престанале да се развиваат поради неодмерени и погрешни изјави и политички концепти, рече Јосиповиќ, коментирајќи ја изјавата на Николиќ за Вуковар.
И Соединетите Држави изразија жалење поради тоа што Николиќ го негираше постоењето на геноцид во Сребреница во 1995 година.
Официјален Вашингтон изјавата ја протолкува како контрапродуктивна.