Русија и Кина го подржуваат планот на Анан за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Ху Џинтао заеднички апелираа до меѓународната заедница за подршка на мировниот план на специјалниот пратеник на Обединетите нации во Сирија Кофи Анан со цел разрешување на сиријскиот конфликт. Кинеската телевизија јави дека двајцата лидери по средбата во Пекинг се согласиле дека потребно е политичко решение за конфликтот. Русија и Кина, земји со право на вето во Советот за безбедност при Обединетите нации, се противеа на предложените строги санкции против сиријскиот претседател Башар Ал Асад, како одговор на насилството врз анти-владините сили.