Стартуван стратешкиот дијалог меѓу ЕУ и Пакистан

Ештон: двете страни се близу до имплементацијата на преференцијалниот договор за трговија

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон разговараше со министерот за надворешни работи на Пакистан за отпочнување на стратешки дијалог насочен кон подобрување на економските, безбедносните и политичките врски меѓу земјата и унијата. Ештон и министерот Хина Рабани по средбата во Исламбад изразија надеж за подобрување на односите меѓу ЕУ и Пакистан. Ештон рече дека двете страни се „близу до имплементацијата на преференцијалниот договор за трговија“. Шефицата за надворешна политика рече дека Унијата е свесна за предизвиците со кои се соочува Пакистан додавајки дека се вложуваат напори за формирање на долгорочни одржливи односи.