Разрешениот струшки муфтија реагира на одлуката за заштита на џамијата

Струшкиот муфтија Ферат Полиси, кој вчера беше разрешен од Исламската верска заедница поради уривањето на дел од Мустафа Челеби џамијата, денеска изјави дека градежните активности ги почнал заради потребата на верниците. Во одлуката на надлежните државни установи да ја стават Мустафа Челеби џамијата под посебна заштита како споменик на културата пред само неколку месеци, досегашниот струшки муфтија гледа политичка одлука. „Тие пристапија кон донесување на една таква одлука бидејќи знаеја дека ќе започне рушење на делот на џамијата кој не е заштитен“ изјави Полиси, нагласувајќи дека објектот ќе се гради со средства од верниците и народот.