Приведени 8 лица осомничени за труење во Авганистан

Осум лица биле уапсени во северниот дел на Авганистан, осомничени за инволвираност во труење на ученички во училиште во провинцијата Тахар, потврдија полициски службеници. Полициски извори на Радио Слободна Европа потврдија дека осуммината се сомничат за врски со талибанските милитанти и милитантското исламистичко движење во Узбекистан. Здравствените установи во северната авганистанска провинција потврдија дека 800 ученички се разболеле по вдишување на отровен гас во шест училишта низ регионот. Талибанците претходно демантираа инволвираност во нападите и побараа казнување на одговорните.