Осомничен канадски убиец ќе се појави пред судот во Берлин

Лука Роко Магнота

Канадскиот геј порно актер осомничен за убиство на кинески студент денеска треба да се појави пред судот во Берлин, еден ден откако беше уапсен во главниот град на Германија. Германското министерство за правда соопшти дека чека барање од канадските власти за екстрадиција на 29 годишниот Лука Роко Магнота, кој беше уапсен во интернет кафе по еднодневна глобална потрага. Магнота наводно се снимал како го убива кинескиот студент, по што по пошта испраќал делови од телото на убиениот до канцеларии на политички партии во Отава.