Путин во Кина - Во фокусот енергијата и надворешната политика

Рускиот претседател Владимир Путин допатува во тридневна посета на Кина. Во фокусот на разговорите со кинеските лидери се енергијата и надворешно-политичката соработка, особено ситуацијата во Сирија и иранската нуклеарна програма. Русија и Кина се против поостри мерки против режимот во Сирија, а се противат и на проширувањето на санкциите против Иран. Пред пристигнувањето, Путин изјави за кинеските медиуми дека се залага за зголемување на трговската размена меѓу Кина и Русија, од 84 милијарди долари, колку што е сега, на 200 милијарди долари до 2020-та година. Инаку, утре Путин ќе учествува на самитот на Организацијата на Шангајската соработка, на чии маргини се очекува да има средби со претседателите на Иран и на Авганистан.