НАТО ќе транзитира низ Казахстан, Киргистан и Узбекистан

НАТО соопшти дека склучил договори со централно азијските држави за транзит на возила и друга воена опрема од Авганистан. Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен го соопшти ова во Брисел, по неколкунеделните преговори со владите на Узбекистан, Киргистан и Казахстан. Со тоа е обезбедено заобиколување на Пакистан, кој ги затвори рутите за снабдување на НАТО во Авганистан во ноември откако во напад на сојузничките сили, по грешка, беа убиени 24-ца пакистански војници.