Нов Зеланд потпиша договор за партнерство со НАТО

Џон Ки, премиер на Нов Зеланд


Нов Зеланд потпиша договор за партнерство со НАТО за подобрување на соработката во разузнавањето, воените обуки, анти-тероризам и помош при природни катастрофи. Договорот во Брисел го потпишаа генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и премиерот на Нов Зеланд Џон Ки. Нов Зеланд моментално има околу 200 војници во НАТО мисијата во Авганистан.