Клинтон:Тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија може да ескалираат

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска пристигна во Грузија. Тоа е дел од нејзината турнеја низ земјите од кавкаскиот регион во потрага по зајакнување на безбедносните и дипломатските врски на САД со тие земји. Клинтон по средбата со претседателот Микаил Сакашвили, ќе отпатува за Азербејџан, а потоа во Турција. Таа вчера при посетата на Ерменија изјави дека тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија за Нагорно Карабах можат да ескалирираат и да создадат многу поширок конфликт. Клинтон ја повика Турција да ги подобри односите со Ерменија.