Аеродромот во Триполи повторно под контрола на либиските власти

Либискиот министер за внатрешни работи соопшти дека војската ја повратила во целост контролата врз меѓународниот аеродром во Триполи откако бил нападнат од милитанти. Десетина милитанти со камиони влегле на пистите при што неколку лета беа одложени. Милитантите се приведени се вели во соопштението. Аеродромот ќе остане исклучен и во следните 24 часа со цел да се решат опредеелени технички прашања.