Холандија се откажа од организација на ЕП за ракометарки

Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално објави дека Холандија се откажала од организацијата на првенството на Европа за ракометарките, планирано од 4 до 16 декември 2012 година. Холанѓаните денеска испратиле пишана одлука за тоа во седиштето на ЕХФ во Виена.ЕХФ е во преговори со неколку федерации околу пронаоѓање резервно решение. Ждрепката закажана за 6 јуни во Ротердам е откажана, а новиот датум ќе биде дополнително објавен.