Гувернерот на Хрватската народна банка најави заминување од функцијата

Жељко Рохатински

Гувернерот на Хрватската народна банка Жељко Рохатински изјави дека заминува од функцијата бидејќи Владата на премиерот Зоран Милановиќ не го прифатила предлогот за соработка во третиот мандат. Рохатински потсети дека следниот месец му истекува мандатот и оти претходно и предложил на Владата продолжување на соработката во својот трет мандат, но премиерот лично го известил дека тоа „не е повеќе возможно“. Тој се заблагодари за поддршката што ја добил во изминативе 12 години.