Бертоне:Нападите врз Папата „жестоки и организирани“

Државниот секретар на Ватикан Кардиналот Тарцизио Бертоне во интервју за италијанска телевизија изјави дека нападите врз Папата Бенедикт 16-ти се „жестоки и организирани“. Тој додаде дека првиот човек на Ватикан нема да се исплаши нападите без разлика какви се тие.
Ваквите изјави следуваат по аферата наречена „Ватиликс“ за објавување на тајни документи од Ватикан. Претходно беше уапсен и батлерот на Папата. Во неговиот стан полицијата пронашла тајни доверливи документи. При крајот на неделава е закажано и првото сослушување на приведениот.