Принцот Филип е хоспитализиран

Кралицата со принцот Филип на прославата на дијамантскиот јубилеј на Елизабета II

Принцот Филип бил хоспитализиран поради инфекција на бешиката, соопштија од Бакингхем палатата. Деведесет годишниот сопруг на Елизабета Втора ќе ги пропушти останатите церемонии со кои неколку дена се одбележува дијамантскиот јубилеј на британската кралица. Кралицата, во меѓувреме, се очекува да се појави на концерт организиран во нејзина чест, на кој ќе настапат Елтон Џон, Пол Мекарти, Стиви Вондер и Гери Барлоу.