Ограничувања за Еулекс во Косовска Митровица

Штабот за вонредни ситуации на Косовска Митровица на денешната седница донесе одлука да не им се дозволи слобода на движење на припадниците на Еулекс во северниот дел од градот. „На припадниците на Еулекс до следно соопштение нема да им биде дозволено непречено да се движат во северниот дел од Косовска Митровица, и секој обид за насилно минување низ градот или уривање барикади, ќе се смета за отворена агресија и одговорноста за последиците ќе ја имаат оние кои ќе преземат такви акции“ се наведува во соопштение на Штабот.