Каменеи: Сомнежите за иранската нуклеарна програма се лага

Врховниот лидер на Иран ајатолах Али Каменеи изјави дека било каков израелски напад врз Исламската република ќе биде „одвратен како грмотевица кон еврејската држава“. Каменеи дополни дека сомненијата на меѓународната заедница за производство на нуклеарно оружје во Иран се лага. Тој рече дека западот „бара начин да го оттргне вниманието од економските настани во САД и Европа“. Каменеи ги даде изјавите во рамки на комеморацијата на смртта на неговиот претходник и основач на исламската република ајатолахот Рухола Комеини.