Мубарак ќе се жали на пресудата

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак ќе ја обжали казната доживотен затвор, што денеска му беше изречена заради убиство на демонстранти за време на востанието, што го собори од власт, изјави денеска по изрекувањето на пресудата Јасер Бахр, еден од неговите адвокати.
Генералниот обвинител на Египет , исто така, ќе се жали заради, според него, премалата казна.