Во Либан судири поврзани со ситуацијата во Сирија

Официјални претставници соопштија дека четири лица загинале додека дваесет и пет се повредени во либанскиот град Триполи во судири помеѓу поддржувачите и опонентите на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад. На местото каде што дошло до оружениот судир пристигнала Либанската армија со оклопни возила но не бил отворен оган. Спорадични престрелки имаше и изутрината.