Кина - уапсено лице од безбедноста кое шпионирало за САД?

Кина уапсила лице од безбедноста осомничено за шпионажа во корист на САД, пишува денешен Њујорк Тајмс. Весникот, повикувајки се на лице запознато со случајот, наведува дека уапсениот бил член на Министерството за државна безбедност и дека апсењето се случило пред 4 месеци.
Според Хонгкогшкиот магазин Њу Веј, станува збор за секретар на заменик министерот.
Властите на Кина и САД не ги коментираат известувањата.