Уште двајца милитанти убиени со беспилотно летало во Пакистан

Талибанци во Јужен Вазиристан

Според пакистански безбедносни служби, денеска во акција на американско беспилотно летало чија цел било возило во јужен Вазиристан во близина на границата со Авганистан се убиени најмалку двајца милитанти.
Станувало збор за 6 напад со вакви летала за последните 11 дена, како дел од кампањата на САД за уништување на талибанците и Ал Каеда во овие племенски подрачја.