Во Ирска веројатно помина референдумот за фискалниот договор на ЕУ

Според неофицијалните проценки од вчерашниот референдум во Ирска, повеќето ирци го подржале новиот фискален договор на Европската Унија. Се проценува дека околу 60 отсто од гласачите се изјасниле за договорот со кој во 25-те земји потписнички се воведува финансиска дициплина. Договорот не го прифатија Велика Британија и Чешка, а само во Ирска беше ставен на референдумско изјаснување. Во другите земји оди на ратификација во парламентите.