Целик апелира Европа да биде претпазлива

Роберт Целик

Лидерите на земјите во еврозоната би требало веднаш да преземат мерки на претпазливост поради опасноста од ширење на кризата доколку Грција ја напушти заедничката европска валута. Ова го оценува претседателот на Светската банка во заминување Роберт Целик за весникот Фајненшал тајмс. Според него, заминувањето на Грција би било удар врз довербата на инвеститорите во другите земји од еврозоната. Целик смета дека воопшто не гледа дека европските лидери се подготвуваат на таков можен развој на ситуацијата.