Во Женева состанок за ситуацијата во Сирија

Советот на Обединетите нации за човекови права на денешната седница во Женева на дневен ред ја има ситуацијата во Сирија, вклучувајќи го и масакрот врз 108 цивили во селото Хула. Посматрачите на Обединетите нации соопштија дека повеќето жртви, вклучувајќи 48 деца и 34 жени биле егзекутирани. Овој маскар предизвика бран на осуда во светот и повици за меѓународна интервенција во Сирија која над една година е зафатена со крвопролевања откако претседателот Башар ал Асад со сила се обидува да го задуши народното востание против него.