Путин во посета на Германија и Франција

Владимир Путин и Александар Лукашенко

Зацврстување на економските врски и конфликтот во Сирија се очекува да бидат на врвот на агендата на денешните средби што рускиот претседател Владимир Путин ќе ги има во Германија и Франција. Путин е на прва турнеја во странство откако на 7 мај по трет пат ја презеде функцијата. Тој вчера во Минск се сретна со белорускиот претседател Александар Лукашенко. Во Берлин денеска Путин ќе разговара со германскиот канцелар Ангела Меркел, по што вечер заминува за Париз на средба со францускиот претседател Франсоа Оланд.