Аунг Су Ки апелира на претпазливи односи со Мјанмар

Аунг Сан Су Ки

Лидерката на опозицијата во Мјанмар, Аунг Сан Су Ки денеска на Економскиот форум во Бангкок побара од евентуалните странски инвеститори да покажат ,,здрав скептицизам,, пред да соработуваат со тамошната влада. Таа оцени дека невработеноста на младите во Мјанмар претставува темпирана бомба. Сепак, таа оцени дека во земјата постои голема корупција. Посетата на Су Ки на Бангкок е прв нејзин престој во странство по 24 години. Таа 15 години мина во домашен притвор.