Во Дагестан милитанти запалиле училиште

Властите во Дагестан денеска ги обвинија милитантите за убиството на еден учител и за палењето на едно училиште во областа Цунтинск. Министерството за внтарешни работи соопшти дека учителот бил убиен од вооружена група додека тој се враќал од вчерашната вечерна молитва. Потоа, како што се додава, тие отишле во училиштето каде што предавал физичко воспитание и ја запалиле фискултурната сала. Пожарот се проширил и врз училиштето. Полицијата е во потрага по сторителите.