Временска прогноза-променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирано процесите ќе бидат поинтензивни и со услови за појава на град. Температурата ќе се движи од 21 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени.