Иран откажа договор со кинеска компанија тежок 2 милијарди долари

илустрација

Кинеските и иранските медиуми јавија дека Исламската република откажала договор тежок 2 милијарди американски долари склучен со кинеска фирма за изградба на хидроцентрала во иранската провинција Лорестан. Иранскиот министер за енергетика Махид Намјоу изјави дека проектот бил предаден на градежната фирма на иранската Револуционерна гарда. За сега не се наведуваат причините за одлуката.