Клинтон со критики за рускиот однос кон Сирија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон упати критики до руските власти поради нивното противење на иницијативата на Обединетите нации за превземње на мерки против Сирија. Таа смета дека принципите на Москва може да придонесат кон создавање граѓанска војна во земјата. Клинтон изјави дека властите во Москва и потврдиле дека не сакаат граѓанска војна во Сирија, но дополни дека политиката на штитење на претседателот Башар ал Асад од строги меѓународни санкции може да придонесе кон спротивното.