До јули ќе се чека инвеститор за Чебрен и Галиште

Министерот за економија Ваљон Сарачини

До 15 јули, согласно тендерската документација, треба да дадеме конечен одговор што ќе се случи со изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини. „ По добивањето одговор ќе закажам седница на Комисијата за евалуација на понудите за да го соопштиме конечниот одговор“ дополни министерот, изразувајки надеж дека кинеска компанија може да пројави интерес. „Кинеската Влада веќе одобри фонд од 10 милијарди долари за инвестиции на кинески компании во Југоисточна Европа. Една од компаниите која аплицираше за Чебрен и Галиште - CWE очекува дека може да добие дел од тие средства, па и ние очекуваме брз одговор од нивна страна“ рече Сарачини.