„Нелегален“ штрајк во Туркиш ерлајнс

Вработените во турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска стапија во штрајк, само еден ден откако турскиот Парламент го усвои контроверзниот закон за забрана на штрјакови во воздухопловниот сектор.
- „Многу вработени стапија во штрајк во три часот по средноевропско време, протестирајќи поради новиот закон и нема работаат до 20 часот денеска. Овој протест ќе биде неограничен и ќе продолжи“, изјави Мустафа Јагџи, генералниот секретар на Диндикатот на воздухопловните работници Хава-Ис.
Турската национална авиокомпанија отпушти 300 работници кои не се појавиле на работа и немале оправдување за отсуството со образложение дека штрајкот е „нелегална активност“.
„Туркиш ерлајнс“ има флота од 178 сопствени авиони и 55 позајмени и лета на 218 линии ширум светот.